• понеделник, 23 декември 2024

Раст на продажбата на електромобили во светот

Раст на продажбата на електромобили во светот

Волфсбург, 29 јyли 2024 (МИА) - Стапката на продадени електрични автомобили во светот и натаму рапидно расте. Германскиот Истражувачки центар за соларна енергија и водород вчера објави податоци според коишто на крајот на 2023 година во светот имало околу 42 милиони автомобили со електрични мотори, што е за околу 50 отсто повеќе од една година претходно.

Оваа бројка се однесува исклучиво на електромобили, плаг-ин хибриди и електрични возила со уред којшто го зголемува нивниот опсег.

Според наводите, во Кина имало 23,4 милиони примероци од овој тип на автомобили, што е повеќе од половина на светско ниво. На второ место, далеку зад Кина, се САД со 4,8 милиони возила. Германија е трета со 2,3 милиони, пред Франција (1,6 милиони) и Обединетото Кралство (1,5 милиони).

Најголеми производители на чисто електрични возила и плуг-ин хибриди во 2023 година се кинески „БИД“ со нешто повеќе од три милиони возила, „Тесла“ со 1,8 милиони и „Фолксваген“ со милион произведени единици.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан