• петок, 22 ноември 2024

Раст на БДП во над 95 отсто од регионите на ЕУ во 2022 година

Раст на БДП во над 95 отсто од регионите на ЕУ во 2022 година

Брисел, 21 февруари 2024 (МИА) - Реалниот бруто домашен производ во 2022 година бележи раст во 231 од 242 региони на ЕУ или во 95,45 отсто од нив, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.    

Водечките две позиции според растот на БДП во 2022 година ги држат региони во Португалија и тоа Алгарве со 17 отсто и Мадеира со 14,2 проценти. Натаму следува регионот на Јужна Ирска со 13,5, шпанските Балеарски Острови со 12,5 и белгиската провинција Валонски Брабант со 10,9 проценти раст на БДП.     

Од друг страна, најголем пад на БДП бележат два региони во Бугарија – Југоисточниот со 3,1 и Северозападниот со 1,7 отсто. По нив следуваат француска Корзика и регионот на Северна Унгарија со намалување на БДП за по 1,2 проценти.  

Кога станува збор за односот на регионалните БДП по глава на жител споредено со просекот на ЕУ, тој е највисок во регионот Јужна Ирска и изнесува со 286 отсто од просечниот европски бруто домашен производ. По него следуваат Луксембург со 257 проценти, Источна и Централна Ирска со 247 и регионите на Прага и Брисел со 207, односно 196 проценти споредно со просекот на ЕУ.  

На спротивната страна, најнизок БДП по глава на жител од само 30 отсто од европскиот просек има француската прекуморска територија во западниот дел на Индискиот Океан, Мејот, пред регионот на Северозападна Бугарија и Француска Гвајана со по 40 проценти од просекот. По нив следуваат Северниот Егејски регион, кој ги опфаќа грчките острови крај турскиот брег во Егејското Море со 41 отсто од европскиот просек и Северна-централна Бугарија со 42 проценти од просечниот БДП на ЕУ. сп/

Фото: МИА Архива/Евростат

Остани поврзан