• понеделник, 23 декември 2024

Раст на азиските берзи, се тргува внимателно

Раст на азиските берзи, се тргува внимателно
Токио, 26 април 2022 (МИА) - На азиските берзи денеска има раст на цените на акциите. Тоа најмногу се должи на закрепнувањето на кинеските пазари по остриот пад, но се тргува внимателно, поради слабеењето на втората по големина светска економија. На токиската берза, индексот Nikkei порасна за 0,7 отсто, а цените на акциите во Јужна Кореја, Шангај и во Хонг Конг, пораснаа меѓу 0,5 и 1,9 проценти. Единствено во Австралија, каде поради празникот не се работеше, утрово има пад на цените на акциите. Тоа е последица на притисикот на рударскиот сектор, поради остриот пад на цените на суровините изминатите денови. Најмногу пораснаа цените на акциите на кинеските берзи. Но, тоа се должи само на корекцијата, откако вчера пазарот во Шангај забележа најголем дневен пад од почетокот на пандемијата од коронавирусот во февруари 2020 година. На девизните пазари, вредноста на доларот, во однос на кошницата, продолжи да расте, па, сега достигна нов највисок рекорд во над две години. Индексот на доларот, што ја покажува американската вредност, во однос на останатите шест најважни светски валути, се движи околу 101,58 поени. Вчера во истото време изнесуваше 101,26 поени. Притоа, курсот на доларот во однос на јапонската валута се „лизна“ од вчерашните 128,35 на 127,55 јени. Но, американската валута зајакна во однос на европската. Цената на еврото се „лизна“ на 1,0725 долари. Вчера во истото време изнесуваше 1,0780 долари. Цените на нафтата забележаа благ раст, по вчерашниот остар пад. Зајакна цената на барелот на лондонскиот пазар за 0,40 отсто, на 102,75 долари. На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 0,33 проценти, на 98,87 долари. бд/паг/  

Остани поврзан