• вторник, 19 ноември 2024

Расте бројот на украински дезертери, цената за нивно спроведување преку граница е 6.000 долари

Расте бројот на украински дезертери, цената за нивно спроведување преку граница е 6.000 долари

Киев, 11 април 2024 (МИА) - Бројот на украинските момчиња кои бегаат од воената мобилизација се зголеми по најавата дека старосната граница ќе биде намалена од 27 на 25 години, но се зголемија и цените на услугите за спроведување преку западната граница поради зголемената внимателност на Украина, изјави еден шверцер на дезертери за „Скај њуз“.

Шверцерот во интервјуто рече дека цената за спроведување преку западната граница пеш е 6.000 долари, но дека бегалците добиваат попуст од 2.000 долари доколку се спремни да препливаат преку една од многуте реки што ја делат Украина со соседните земји. Се уште не се случило некој да се удави додека ја препливал реката, но само неколку добиле хипотермија, вели шверцерот и дека има опрема за дезертери кои не знаат да пливаат.

Главниот проблем, како што посочи, се се побројните патроли на украинските власти на западната граница, на премините со Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Молдавија.

„Можете да ги измамите кучињата трагачи, да го замаскирате вашиот мирис. Но, најтешката работа, која во моментов е најголем проблем, се беспилотните летала, кои ги има многу“, рекол шверцерот.

Неговата опасна работа илегално шверцување дезертери е добро платена, пишува „Скај њуз“, но тој признава дека значителен дел од парите одвојува на неговите неименувани извори кои му помагаат да ги избегне патролите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан