• вторник, 24 декември 2024

Расправата по Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања ќе продолжи утре во 12 часот

Расправата по Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања ќе продолжи утре во 12 часот

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Собраниската комисија за европски прашања расправата по Предлог-измените на Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, ќе ја продолжи утре во 12 часот.

Заменик-министер за транспорт и врски, Беким Реџепи, рече дека намерата е европските проекти да бидат што поефикасни во нивната реализација.

- Да не зборувам за важноста на овој проект за коридорите 8 и 10д. Коридорот 8 се поврзува со три други коридори, ние како граѓани на Република Македонија ќе имаме побрз пристап во Западна Европа, ова е тоа што ние сега го работиме. Мислам дека се согласувате со мене и дека немате ништо против да имаме побрз развој на патната инфраструктура. Овие се законите кои ги предлагаме за да се изградат овие коридори што побрзо и поефикасно, потенцираше Реџепи.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, пак од друга страна реплицираше дека според Деловникот нема усогласување со европското право коешто бара усогласување на европска регулатива.

- Во Деловникот вели дека усогласување на европското право треба да биде согласно европската регулатива и коресподентната табела да е полна, табелата е празна, ова не е усогласување со европското право, истакна Ласовска.

Станува збор за предлог измени на закони кои е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. За овој предлог-закон поднесени се 17амандмани од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. сх/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан