• понеделник, 23 декември 2024

Собраниска расправа за избор на новите министри: Меѓусебни обвинувања за криминал, корупција и пазарења

Собраниска расправа за избор на новите министри: Меѓусебни обвинувања за криминал, корупција и пазарења

Скопје, 24 февруари 2023 (МИА) - Во Собранието продолжи расправата за изборот на нови министри за правда, за здравство, за информатичко општество и за животна средина и просторно планирање. За министер за правда е предложен Кренар Лога, за министер за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дискусија на денешната собраниска седница истакна дека предложениот кандидат за нов министер за здравство Фатмир Меџити треба на јавноста да и објасни „како од една скромна барака во моментот гради една голема хациенда од 336 квадратни метри“ во елитната скопска населба Тафталиџе, како прв сосед на Арбен Таравари. Николоски покажа и фотографии и го повика Меџити да објасни пред јавноста, како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму спроти „подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари“.

- Како на улица „Бриселска“ 18А гради хациенда од 336 квадратни метри, еве можете да ја видите од една перспектива и еве од друга перспектива. Ова е како изгледа политичката корупција во Македонија и треба да објасни Фатмир Меџити како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму спроти подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари. Вака почитувани пријатели изгледа политичката корупција, потенцираше Николоски покажувајќи фотографии од, како што ја нарече, новата хациенда во сопственост на Меџити.

Николоски изрази жалење, затоа што, како што рече, претседателот на владата не е тука за „да одговори како е возможно вакви хациенди да се креваат во најелитната скопска населба и такви луѓе да предлага за министри“.

- Кој е моралниот кредибилитет на Фатмир Меџити да биде кандидат за министер за здравство, кога крева ваква хациенда, повторувам, ни помалку, ни повеќе, наспроти куќата која што е подарена на неговиот пријател и партиски претседател Арбен Таравари. Ова е тоа што во моментот се случува во Тафталиџе во Скопје и вака изгледа политичката корупција во редовите на владата на СДСМ и ДУИ во која што се обидуваат да влезат, рече Николоски.

Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса, во однос на обвинувањата против неговата партија дека биле излажани кога влегле во коалиција со СДСМ, реплицираше дека не верува

верува дека биле излажани, затоа што, како што рече, сами ги носеле нивните одлуки.

- Ние и тогаш кога одлучивме да не бидеме дел од мнозинството, сами ги носевме одлуките. Не чекавме никој да носи одлуки во наше име, како што и денеска носиме одлуки во наше име како опозициска партија и така ќе настапуваме во наредниот период, рече тој.

Во реплика на говорот Зендели, пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска истакна дека десеттина дена во оваа Собрание процесот за реконструкција на Влада се вулгаризира до бескрајност.

- Идеологија, програми или омилениот збор пазар. Идеологија! За која идеологија? Идеологија ли е за вас она што учествувавте заедно со најголемата опозициска партија и останатите кога собиравте 61 пратеник за да ја срушите власта? Идеолошки се сретнавте, програмски се договоривте или пазар направивте за после да го договорите пазарот. Каква идеологија имавте кога настапивте коалиционо заедно со Коалицијата Можеме? Програмски настапивте?

Или пазарџиски настапивте? Дали има идеологија оваа опозиција која што зборува за пазар? На локално ниво каде што требаше да направи пазар, идеолошки настапуваше? Програмски настапуваше? Или пазар правеше? За кој пазар разговараме? Пазар на мнозинството, ама пазарот на опозицијата не постои, рече Георгиевска.

Во однос на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека сите од власта се криминалци, Георгиевска потенцира дека за криминал прозива „најкорумпираната политичка партија“, чии „400 функционери или носители на функции“ се инволвирани во криминални дејствија.

Халил Снопче, пратеник на Алијансата за Албанците, рече дека 2023-та ќе биде тешка година за земјата и треба да се носат уставните измени оти, како што рече, ако не ја искористиме можноста, можеби со децении да не станеме членка на ЕУ.

Обраќајќи се кон Зендели, Снопче истакна дека денес кога земјата чека да ги отвори преговорите за членство во ЕУ и да ги направи уставните измени, тој говори за рушење на ДУИ.

- За ова не зборувавте во 2020 година. Дури денеска зборувате за евентуално обединување со Алтернатива. Ова е ваша тенденција. Оваа година е критична за државата - 2023 година. Година кога треба да се отворат преговорите. Ако не ја искористиме можноста, тогаш ќе изгубиме една шанса и може да немаме друга шанса, па со децении да не се зачлениме во ЕУ. Ве поканувам да се престроите на другата страна на бродот за да го спасиме оваа прашање. И да бидеме членка на ЕУ. Вашето престројување со ВМРО-ДПМНЕ е дестабилирачко и не е во ред, рече Снопче.

По расправата, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски даде пауза до 15:30 часот. фф/сп/

 

Остани поврзан