• недела, 05 мај 2024

Распишан конкурс за афоризми на тема „Човек“

Распишан конкурс за афоризми на тема „Човек“

Велес,17 август 2023 (МИА) - Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и велешката библиотека „Гоце Делчев“ распишаа конкурс за афоризми на тема  „Човек“ .

Oрганизаторите информираат дека целта е да се стимулира македонското литературно сатирично творештво, со посебен акцент на афоризмот. Конкурсот трае до 30 август годинава.

Секој автор што е над 18 години, а што сака да учествува, потребно е да испрати најмногу 10 афоризми или може да учествува само со еден сет на афоризми. Афоризмите може да се веќе објавувани. Делата треба да се достават електронски на solevkosta@yahoo.com.

- Она што е важно е дека членовите од организаторите и жири-комисијата немаат право да учествуват на конкурсот, соопштија од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Жири комисијата составена од три члена ќе ги избере трите најдобри афоризми. Ќе бидат доделени златна, сребрена и бронзена плакета. Специјална награда е диплома за најдобар афоризам на конкурсот. ад/свс/

Фото: МИА

Остани поврзан