Расел: Антонели е неверојатен возач со огромен талент
- Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, искажа пофални зборови за резултатите на Големата награда на Кина, каде што победи неговиот клупски колега Андреа Кими Антонели.
Лондон, 16 март 2026 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, искажа пофални зборови за резултатите на Големата награда на Кина, каде што победи неговиот клупски колега Андреа Кими Антонели.
- Антонели ќе го памети овој ден засекогаш. Но, знаете, во неговиот случај, беше само прашање на време. Тој е неверојатен возач со огромен талент и сигурен сум дека го очекува напорна сезона, изјави Расел за прес-службата на Формула 1.
Расел заврши втор, со заостанување од 5,515 секунди.
Деветнаесетгодишниот Италијанец Антонели ја освои својата прва трка во Формула 1.
Следната трка ќе се одржи во Јапонија на 29 март. зс/
Фото: ЕПА