Рамфоса: Јужна Африка продолжува со распоредување сили во Мозамбик и Конго
- Јужноафриканскиот претседатет Сирил Рамафоса денеска изјави дека војската на неговата земја ќе продолжи да распоредува војници во Мозамбик и Демократска Република Конго кои се погодени од конфликти.
Јоханесбург, 25 април 2024 (МИА) – Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека војската на неговата земја ќе продолжи да распоредува војници во Мозамбик и Демократска Република Конго, кои се погодени од конфликти.
Врз основа на одлуката за продолжување на неопределено време во источно Конго ќе бидат задржани 1.198 припадници на јужноафриканските национални одбранбени сили (SANDF), каде се наоѓаат и дел од мировните сили на ОН кои му помагаат на Конго во борбата против бунтовничките групи, пренесуваат британските медиуми.
Во соопштението на SANDF се наведува дека 1.495 нивни членови ќе ги продолжат своите операции во Мозамбик, каде од 2021 година ја поддржуваат владината борба против насилниот екстремизам во северните области.
Распоредувањата на јужноафриканската војска во странство годинава се ставени под засилена контрола откако двајца војници на SANDF во февруари беа убиени, а тројца ранети од минофрлачка граната во Конго.
Главната опозициска партија во земјата, Демократската алијанса,го обвини Рамафоса за испраќање неподготвени сили во воената зона. сд/
фото:МИА архива