• понеделник, 23 декември 2024

„Рамо до рамо до победа“ во Чаир, Сарај и Арачиново

„Рамо до рамо до победа“ во Чаир, Сарај и Арачиново

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска продолжи со средби со граѓаните во општините Чаир, Сарај и Арачиново.

Во Чаир со граѓаните беа Маја Манолева и портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, кои се осврнаа на, како што наведуваат од СДСМ, „хаосот што го прават ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и нивната најдобра менаџерка Данела Арсовска во Град Скопје“.

-За година и пол ВМРО-ДПМНЕ предизвика вистинска катастрофа во градот, потрошија стотици милиони евра народни пари, го доведоа градот пред банкрот, со блокирана сметка и згора на сé, се скараа чии раце се во медот, истакна Манолева.

Манолева додаде дека „цената од нивното неработење и неспособност ја плаќаат граѓаните, кои мака мачат со јавниот превоз, којшто е во колапс, никаде ги нема најавените нови автобуси, нема ни збор за бесплатен јавен превоз“.

-Не го реализираат ветеното, а ги запреа и почнатите проекти, како БРТ, Универзална сала, мостот на булеварот АСНОМ, кој сега и те како ќе беше добредојден за намалување на сообраќајниот метеж, по пожарот и затворањето на мостот Беласица, рече Кузеска и порача дека граѓаните со право се разорачани, скопјани не заслужуваат ваква неодговорна локална власт.

Во Сарај рамо до рамо со граѓаните беа Милена Стевановиќ и Борис Тунџев, кои истакнаа дека СДСМ изминатиот период оствари резултати што навистина прават разлика.

-Не само што ги покачивме платите и пензиите, што успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните и во време на криза, создадовме конкурентна економија со сигурна бизнис клима, која лани привлече, досега рекорден износ на странски директни инвестиции, кои отвораат нови, добро платени работни места за нашите граѓани, порачаа Стевановиќ и Тунџев, во Сарај.

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Томиќ заедно со Филип Даскаловскиа денеска беше со граѓаните во општина Арачиново. мс/ев/

фото: СДСМ

Остани поврзан