• понеделник, 23 декември 2024

Рамос: Севилја не сакаше вака да ја заврши годината

Рамос: Севилја не сакаше вака да ја заврши годината

Севилја, 25 декември 2023 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Севилја, Серхио Рамос ги сумираше впечатоците за постигнатото на тимот во 2023 година.

- Не сакавме вака да ја завршиме годината, но се боревме до крајот. Сега е време да се направи сметката. Фокусирани сме на континуирано работење и раст во 2024 година. Има работи што треба да се подобрат, а ние ќе го направиме тоа заедно, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Во тековната сезона 37-годишниот дефанзивец одигра 15 натпревари за црвено-белите во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и една асистенција.

По 18 кола Севиља е на 15. место во поредокот во Ла Лига со 16 бодови. 

Шпанскиот тим заврши на последното место во групата Б во Лигата на шампионите и испадна од европските натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан