• понеделник, 23 декември 2024

Рама: Тие што го критикуваат  предлог-статутот за ЗСО без да знаат што содржи, се плашат да не го загубат непријателот

Рама: Тие што го критикуваат  предлог-статутот за ЗСО без да знаат што содржи, се плашат да не го загубат непријателот

Тирана, 10 јуни 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на критиките добиени за нацрт-статутот предложен од него за формирање на Заедницата на српски општини.

Преку објава на „Твитер“, Рама оценува дека "оние кои критикуваат се плашат да не го загубат непријателот што им создава егзистенцијален услов да зборуваат и да се однесуваат како да се во ровови".

Додава дека војната завршила во 1999 година и дека  непријателот бил поразен.

-Оние кои критикуваат и обвинуваат без да знаат што содржи предлог-статутот за ЗСО се плашат само од едно: да не го изгубат непријателот кој им создава егзистенцијален услов да зборуваат и да се однесуваат како да се во ровови, иако војната заврши во 1999 година и непријателот е поразен, напиша  Рама.

Премиерот Рама пред два дена објави дека на францускиот претседателот Макрон и на германскиот канцелар Шолц им доставил нацрт за Заедницата на српските општини, за што ги информирал и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел  и американската страна.

Рама тогаш  изјави дека „создавањето асоцијација на српски општини на Косово е клучот за конечно да се отвори вратата за меѓународна афирмација на Република Косово и нејзино признавање од сите,  членство во Обединетите нации и сите меѓународни форуми и меѓусебно признавање со Србија“.

Тој вчера изјави дека Предлог-статутот за ЗСО  е "придонес на Албанија како братска држава со Косово". вт/сд/

Остани поврзан