• четврток, 19 декември 2024

Рама смета дека членството во ЕУ е процес на тешки домашни задачи на владата, парламентот и правосудството

Рама смета дека  членството во ЕУ е процес на  тешки домашни задачи на владата, парламентот и правосудството

Тирана, 11 март 2024 (МИА) - На средбата одржана во Пешкопеа, во рамки на  процесот на ревитализација на Социјалистичката партија, албанскиот премиер Еди Рама го коментар и процесот за членство во ЕУ, подвлекувајќи дека за тоа е потребна соработка на сите, бидејќи не е владата која ја внесува земјата во ЕУ.

Додал дека следните години се тешки години за реализирање на многу задачи.

- Членството во ЕУ е процес на тешки домашни задачи што не е задача само на владата, туку на сите сектори и овластувања, влада-собрание-правосудство, но и на приватниот сектор и на граѓанското општество. Владата нема да влезе во ЕУ, Албанија ќе влезе. Придонесот на раководството на СП и СП како водечка сила во овој процес е незаменливо, рече Рама.

Тој иронично се обратил до   опозицијата велејќи дека таа е во Собранието благодарение на гласот на народот, а во последно време постојано се обидува  да ги прекинат пленарните седници со нереди. За партијата чиј лидер е тој, рекол дека "СП има амбиции да направи позитивен исчекор уште повеќе". вт/

Фото: Рама ФБ

Остани поврзан