• понеделник, 23 декември 2024

Рама на самитот за Западен Балкан: Национализмите на ЕУ го комплицираат процесот, да ги избегнеме стапиците за да не станеме жртви

Рама на самитот за Западен Балкан: Национализмите на ЕУ го комплицираат процесот, да ги избегнеме стапиците за да не станеме жртви
Тирана, 5 јули 2021 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама на виртуелниот Самит за западен Балкан, не штедеше критики кон ЕУ и рече дека иако самата ЕУ зборува за гаснење на национализмите на Балканот, всушност тоа ги покажува нивните национализми што го попречуваат процесот на интеграција за Албанија и земјите од Западен Балкан, пренесува Топ чанел. -Како прво, би сакал да ви се заблагодарам многу искрено за почетокот и поддршката за сето ова време на овој процес и за вашата силна и непоколеблива посветеност кон нашиот регион. Знам дека не ви се допаѓаат пофалби, но всушност сметам дека процесот што го започнавте навистина беше многу важен за одржување во живот на она што, патем, го гасне ЕУ, пламенот на надежта за иднината, рекол меѓу другото Рама. Зборувајќи за тоа, додал, мислам дека е многу важно да имаме повеќе авторство во процесот, онолку колку што е важно така да процесот се комбинира со зголемените напори на Комисијата, засновани на новиот економски и инвестициски план. -Тажно е и секој знае дека во меѓувреме, процесот на европска интеграција на целиот регион во ЕУ, кој некогаш се гледаше и беше прикажан како вистински начин за потчинување на балканските национализми, сега се претвори во процес потиснат од национализмите на ЕУ. Понекогаш тука а понекогаш таму, национализмите во ЕУ значително го комплицираат нашето европско патување и играат спротивна улога. Сепак, како што легендарниот Доналд Трамп велеше: „Ова е тоа што е“, така што треба да одиме напред со она што го имаме, посочил Рама. вт/

Остани поврзан