• понеделник, 23 декември 2024

Ракометарките на Русија и на Норвешка изборија полуфинале на Олимпијадата во Токио

Ракометарките на Русија и на Норвешка изборија полуфинале на Олимпијадата во Токио
Токио, 4 август 2021 (МИА) - Руската женска ракометна репрезентација ќе игра со Норвешка во полуфиналето на Олимписките игри во Токио. Русија во полуфиналето ја совлада Црна Гора со 32:26, додека Норвешка во вториот денешен четвртфинален меч ја победи Унгарија со 26:22. Натпреварот меѓу Русија и Норвешка ќе се одигра на 6 август. Другите полуфиналисти ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите: Шведска – Јужна Кореја (почеток 10 часот) и Франција – Холандија (13:45 часот). зс/

Остани поврзан