• недела, 22 декември 2024

Раководството на Реал не сака Рамос да се врати во клубот

Раководството на Реал не сака Рамос да се врати во клубот

Мадрид, 14 ноември 2024 (МИА) - Раководството на Реал Мадрид се противи на враќањето на дефанзивецот Серхио Рамос во клубот, пренесува „El Chiringuito“.

И покрај изјавата на 38-годишниот Шпанец за неговата желба да се врати во тимот поради тешката повреда на Едер Милитао, претседателот на клубот Флорентино Перез и извршниот директор Хозе Анхел Санчез се против враќањето на фудбалерот.

На списокот на повредени фудбалери на „Кралскиот клуб“ се дефанзивците Даниел Карвахал, Давид Алаба и Лукас Васкез. Исто така, на мечот од 13. коло на Ла Лига со Осасуна (4:0), Едер Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

Триесет и осумгодишниот Рамос е слободен играч од минатото лето откако му истече договорот со Севилја. Тој играше за Реал Мадрид од 2005 до 2021 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан