• вторник, 02 јули 2024

Ракитиќ: Јас не сум вреќа со компири, сам ќе одлучам каде да ја продолжам кариерата

Ракитиќ: Јас не сум вреќа со компири, сам ќе одлучам каде да ја продолжам кариерата
Барселона, 13 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, ги коментираше информациите дека клубот го вклучува во некаков пакет за размена со Интер. -Јас не сум вреќа со компири, ќе одлучам сам каде да продолжам кариера. Сакам да бидам таму каде ме ценат. Ако тоа е тука, во ред е, но ако не, тогаш ќе си најдам каде, изјави Ракитиќ. Оваа сезона, 32-годишниот Хрват одигра 31 натпревар на сите турнири, во кои направи три асистенции. Барселона сака да му го понуди Ракитиќ плус пари на Интер во размена за Лаутаро Мартинез. зс/

Остани поврзан