Ракетиран аеродромот во Багдад
- Пет ракети денеска го погодија реонот околу меѓународниот аеродром во Багдад. Засега не е познато кој ги истрелал проектилите
Багдад, 15 март 2026 (МИА) – Пет ракети денеска го погодија реонот околу меѓународниот аеродром во Багдад. Засега не е познато кој ги истрелал проектилите.
Една ракета го погодил објектот за воздушна навигација во цивилниот дел на аеродромот, а четири ракети паднале врз Центарот за дипломатска поддршка во Багдад, што го користи Амбасадата на САД во Ирак.
Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, во Ирак често мета се објекти поврзани со САД, вклучително и аеродромот во Багдад.
Групата Исламски отпор во Иран, изминатите недели речиси секојдневно објавува соопштенија во кои презема одговорност за десетици напади, без да наведе точни локации. ми/
фото: ЕПА