Четворица загинати и 39 ранети во израелски напад врз јужниот дел на Бејрут
- Најмалку четири лица загинаа, а 39 се ранети денеска во израелски воздушен напад врз јужниот дел на Бејрут, на 100 метри од болница, соопшти либанското Министерство за здравство.
Бејрут, 5 април 2026 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, а 39 се ранети денеска во израелски воздушен напад врз јужниот дел на Бејрут, на 100 метри од болница, соопшти либанското Министерство за здравство.
Нападот се случил во близина на болницата „Рафик Харири“, најголемата јавна медицинска установа во Либан.
Израел од 2 март го напаѓа јужен Либан, каде што е седиштето на движењето Хезболах, поддржано од Иран.са/
Фото: МИА архива