• петок, 22 ноември 2024

Ракета истрелана од Газа го погоди израелскиот град Ашкелон

Ракета истрелана од Газа го погоди израелскиот град Ашкелон

Ашкелон,12 мај 2024 (МИА) - Ракета истрелана ноќта од Појасот Газа погодила станбена зграда во крајбрежниот израелски град Ашкелон, јави ДПА.

Во нападот на градот, кој се наоѓа на околу 10 километри северно од Газа, повредени се три лица, јавија денеска израелските медиуми.

Палестинската исламистичка организација Хамас, која ги изврши терористичките напади на 7 октомври врз населбите во јужен Израел што ја предизвика разорната војна во Газа, неодамна ги засили нападите врз израелските градови и села.

Вчера беше нападнат и израелскиот контролен пункт Керем Шалом, соопшти израелската армија. Исламистичките милитанти истрелаа четири ракети на овој контролен пункт, кои се користат за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа.

Една од ракетите била пресретната од израелскиот систем за противракетна одбрана, а другите три паднале во ненаселени области.

Еврејската држава се подготвува да се соочи со зголемени напади на нејзина територија додека израелската војска се движи подлабоко во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, забележа ДПА.

Израелската офанзива во градот беше широко критикувана од меѓународната заедница, вклучувајќи ги и сојузниците на Израел, но израелското раководство ја смета за неопходна за да се постигне воената цел за целосно елиминирање на Хамас. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан