• вторник, 05 ноември 2024

Разгорен пожарот меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште, нема опасност за куќите

Разгорен пожарот меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште, нема опасност за куќите

Велес, 14 јули 2024 (МИА) - Разгорен е пожарот меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште на планината Лисец, во општина Чашка. Гори дабова шума, информираа за МИА петчлениот тим од Општина Чашка, вклучена во гаснењето.

Пожарот избувнал синоќа во 17.50 часот. Тимот тогаш заминал на терен и направиле увид, но, поради стрмниот терен веднаш не се вклучиле во гаснењето. Тие соопштија дека со нив на терен е и екипа од Полициското одделение на Чашка при СВР - Велес.

Како што појасни за МИА, Пепи Павловски од Општина Чашка, тие денеска побарале помош во гаснење на пожарот да се вклучи и населението од село Долно Јаболчиште. Од Општина Чашка појаснија дека попладнево пожарот повторно од долниот се префрлил на горниот стрмен дел во овој појас на планината Лисец. Од Општина Чашка информираа дека од ЦУК денеска побарале каква и да е помош од воздух во гаснењето на пожарот.

Потврда за пожарот, добивме и од Регионалниот Центар за уравување со кризи на Велес. Оттаму информираа дека во гаснење на пожарот уште од рано утрово од пет часот се вклучени две екипи на вработени од ШС „Бабуна“, а подоцна во 10 часот во гаснењето се вклучила и екипа од Општина Чашка. ад/бд/

Фото: Општина Чашка

Остани поврзан