• вторник, 05 ноември 2024

Развојна банка го дигитализира процесот за кредитно осигурување

Развојна банка го дигитализира процесот за кредитно осигурување

Скопје, 15 март 2024 (МИА) - Развојната банка, активноста на УСАИД - Партнерства за eкономски раст и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ, потпишаа договор за набавка на дигитална алатка за кредитно осигурување, нов дигитален производ на домашниот финансиски пазар.

-Целта на оваа соработка е да се одговори на потребите на домашните компании за раст и развој, односно да се олесни пристапот на компаниите до посоодветни инструменти и решенија за управување со финансиите. Ова софтверско решение ќе ја олесни и забрза комуникацијата и ќе им помогне на компаниите поедноставно да ги користат инструментите кои ги нуди Банката за олеснување на трансакции, особено во делот на обезбедување на побарувањата, осигурување на извозот и факторингот, велат од УСАИД. 

Решението, додаваат, ќе биде поставено на веб-платформата на Развојната банка и целосно прилагодено за употреба од страна на компаниите.

Минатата година, согласно интерната анализа на Развојната банка и потребите за пристап до финансии на приватниот сектор,  банката успешно реализираше кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација, со поддршка од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ.

-Дигитализацијата на еден од клучните процеси на Банката ќе придонесе за директно зголемување на осигурениот извоз, како и извозниот и домашен факторинг. Дополнително, овој процес позитивно ќе влијае врз инвестициите на компаниите и отворањето на нови работните места, потенцираат од УСАИД.вј/лв/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан