• вторник, 05 ноември 2024

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс завршен

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс завршен
Лос Анџелес, 3 август 2021 (МИА) - Разводот на основачот на „Мајкрософт“ - Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс, инаку обајцата со-основачи на една од најголемите приватни фондации во светот, беше приведен кон крајот, пред судот во Сиетл, Вашингтон, САД. Двојката поднесе барање за развод на 3 мај, по 27 години брак. Бил и Мелинда Гејтс тогаш изјавија дека постигнале договор за поделба на заедничкиот имот и најавија дека ќе продолжат со заедничката филантропска работа. Гејтс поддржува широко прифатени програми за борба против маларијата и детската парализа, како и за исхрана и вакцинација на децата. Нивната фондација лани даруваше околу 1,75 милијарди долари за борба против Ковид-19 пандемијата. си/сд/

Остани поврзан