• петок, 22 ноември 2024

Разбојник пукал во сопружници во продавница во струмичко Ново Село

Разбојник пукал во сопружници во продавница во струмичко Ново Село

Струмица, 10 септември 2024 (МИА) - Лицето Д.С. (45) жител од село Долно Лакочереј синоќа околу 2 часот по полноќ влегол во продажен објект во село Ново Село со намера да изврши разбојништво при што со пиштол пукал во сопружниците Б.М (48) и М.М. (46), соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информацијата од полицијата, разбојникот бил, фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица во Струмица.

- Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури, стои во информацијата од СВР Струмица.

Според информацииите од струмичката болница, жената со прострелна рана во стомакот е пренесена на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а мажот со прострелна рана во ногата е задржан во струмичката болница.

По целосно документирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава. рт/цр

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан