• сабота, 21 декември 2024

Радукану по елиминацијата на УС Опен: Сега можам да почнам од нула

Радукану по елиминацијата на УС Опен: Сега можам да почнам од нула
Њујрок, 31 август 2022 (МИА) - Минатогодишната шампионка на УС Опен, Ема Радукану не успеа да го помине првото коло на годинашниот Грен слем во Њујорк. - Секако дека сум многу вознемирена и многу тажна. Но, на некој начин, мило ми е што сега можам да почнам од нула. Ќе паднам на ВТА, но способна сум да се вратам помеѓу најдобрите. А ако се гледа од друга гледна точка, за 19 годишна тенисерка ова не е лоша сезона. Да ми кажеа пред една година дека ќе бидам во Топ 100, ќе се согласев, рече Радукану на прес-конференцијата по поразот од Ализе Корне. Британката знае дека и е потребна поголема стабилност. - Ми треба повеќе стабилност. Ако погледнете колку играв и колку тренирав оваа година, бројките ќе бидат минимални. Од турнирот во Рим до крајот на Вимблдон, за два и пол месеца играв само 14 дена. Ова е лудило. За мене најважно е постојано да настапувам и тренирам, без долги паузи, додаде Радукану. Младата тенисерка ќе загуби 2030 поени и ќе падне од 11. до најмалку 80. позиција на ВТА ранг-листата. зс/

Остани поврзан