„Радикално навивање“ вечерва во МКЦ
- Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва ќе се одржи втората претстава во рамки на Перформанс платформа фестивал насловена „Радикално навивање“, во режија на Зуфит Сајмон.
Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва ќе се одржи втората претстава во рамки на Перформанс платформа фестивал, насловена „Радикално навивање“, во режија на Зуфит Сајмон.
-Телесниот отпор и кореографските протести во јавните простори станаа ефективни и моќни средства за мирни демонстрации во капиталистичките демократии. Развиени од страна на квир феминистичките активисти во 1990-тите, т.н. „радикално навивање“ комбинира ненасилни, директни акции со театарски елементи. Навивањето е добро познато во форма на организирани навивачки групи на спортски натпревари. Креаторите на оваа изведба ги користат и субвертираат кодовите на навивањето да ги пренесат своите пораки. Гламурот, сјајот и миксот од различни слогани се компоненти на оваа радосна, сатирично - алтернативна форма на милитантните форми на протест, велат организаторите.
Како што посочуваат, со жестокост, прецизност и хумор, на хетерогениот ансамбл предводен од страна на кореографот Зуфит Сајмон (Zufit Simon), кој исто така се појавува на сцената, го поставува прашање за што е вредно да се излезе на улица.
Претставата е наменета за публика над 16 години. бт/дма/
Фото: ЛOKOMOTИВА