• сабота, 03 август 2024

Радески со хет-трик ја предводеше Струга ТЛ до победа над Будуќност

Радески со хет-трик ја предводеше Струга ТЛ до победа над Будуќност

Подгорица, 2 август 2023 (МИА) – Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум синоќа забележа победа на реваншот против Будуќност во Подгорица во 2.коло од квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. 

 

Стружани до триумфот од 4:3 беа предводени од Марјан Радески кој постигна три гола (11., 45+3 и 74. минута). Еднаш во листата на стрелците се запиша  Бесарт Ибраими (66. минута).

 

Головите за домаќините ги постигнаа: Ѓурковиќ (7),  Аџиќ (45+9) и Секуловиќ (82).

 

Стружани победија (1:0) и на првиот натпревар одигран пред седум дена и со вкупни 5:3 одат во следното коло.

 

Противник на Струга ТЛ во 3. коло ќе се биде Хесперанж од Луксембург. Натпреварите ќе се играат на 10 и на 17 август. зс/

 

Фото: Струга ТЛ

Остани поврзан