• понеделник, 23 декември 2024

Радев: Бугарија нема време за губење за да организира избори по избори

Радев: Бугарија нема време за губење за да организира избори по избори
Софија, 17 јули 2021 (МИА) - Ние мора да имаме влада, сите го очекуваме тоа, не мислам дека Бугарија има време за губење и да организира избори по избори, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев во Созопол. Како што јави БТА, тој потенцира дека очекува одговорен став од сите политички партии, дијалог и консензус за важните приоритети. - Сега е време сите да покажат одговорност, истакна Радев. Тој посочи дека се надева дека нема да се организираат нови избори. - Но, ако сепак е потребно, ќе ја разберете мојата одлука за тоа дали истата привремена влада ќе остане или ќе има смени, наведе Радев. На прашањето како би ја оценил работата на сегашната привремена влада, претседателот рече дека ја извршува својата работа на најдобар можен начин во оваа ситуација. Радев вечерва учествува во одбележување на празникот на Созопол, посветен на Света Марина, а за утре е предвидено да ја посети црквата Свети Димитае Солунски во Ајтос, при што ќе положи цвеќе по повод 184-годишнината од раѓањето на Васил Левски. ми/

Остани поврзан