• недела, 22 декември 2024

Работна сесија на НКЕУ-МК на тема „Темелните права, правдата и слободите низ призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“

Работна сесија на НКЕУ-МК на тема „Темелните права, правдата и слободите низ призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“

Скопје, 28 март 2024 (МИА) – Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе ја одржи 13. сесија на работните групи за теми од преговарачките поглавја за Правосудство и темелни права (Поглавје 23) и Правда, слободи и безбедност (Поглавје 24). 

Како што информираат од НКЕУ-МК, во рамки на работната сесија ќе се одржи панел-дискусија на тема „Темелните права, правдата и слободите низ призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“, на која ќе учествуваат експертите по право и евроинтеграции Кристиан Туркаљ, Александра Деаноска-Трендафилова, Трпе Стојановски, Симонида Кацарска, Бојана Босилкова и Беким Реџепи, додека воведно обраќање во темата ќе има националната координаторка на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење во Република Северна Македонија проф. д-р Милева Ѓуровска. ра/мд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан