• понеделник, 23 декември 2024

Работилница, паркинг кино и филмови во конкуренција на ИФФК „Браќа Манаки“

Работилница, паркинг кино и филмови во конкуренција на ИФФК „Браќа Манаки“

Битола, 25 септември 2023 (МИА) - Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпладнево продолжува со презентација на кинематограферот Лоренс Шер, номиниран за Оскар, кој пред аудиториумот во Битола ќе промовира Shotdeck платформа, како и со работилница која ќе ја одржи Селин Бозон, поранешна претседателка на француското друштво на кинематографери.

Попладне во кино „Манаки“ ќе бидат емитувани филмови од студентската и документарната програма, а во НУ Центар за култура ќе бидат емитувани филмовите од кратка програма, специјална селекција и официјална селекција, кандидати за наградата „Камера 300“.

Во рамки на паркинг кино ќе биде емитуван копродукцискиот филм „Најсреќниот човек на светот“, а програмските активности ќе завршат со специјална проекција во чест на Питер Бижу, годинашен добитник на наградата златна „Камера 300“ за животен опус.

Медиумски покровител на ИФФК „Браќа Манаки“ е МИА - Медиумска информативна агенција. мт/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан