• понеделник, 23 декември 2024

Работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците

Работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците
Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Работилница за идентификување на потребите за ревидирање на Упатството за примена на етичкиот кодекс за пратениците ќе се одржи денеска во Собранието на Република Северна Македонија. На работилницата ќе се разгледаат воведните согледувања за основните етички принципи и вредности, компаративниот преглед на Упатствата за примена на етичките кодекси или кодексите за однесување (примери на најдобрите меѓународни практики) и идентификувањето на областите кои недостасуваат во Упатството за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците-Натамошни чекори и идни предизвици Работилницата е наменета за членовите и заменик-членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и други заинтересирани пратеници и претставници на службите на Собранието. дма/нд/

Остани поврзан