• петок, 22 ноември 2024

Работилница за визуелно раскажување приказни

Работилница за визуелно раскажување приказни
Скопје, 22 јуни 2022 (МИА) - Во Скопје денеска ќе биде одржана работилница за визуелно раскажување приказни, која е наменета за сите идни графички дизајнери, маркетери и оние кои се занимаваат со дигиталниот маркетинг. Работилницата е во организација на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ и според нив ова претставува можност за сите заинтересирани низ интеракција да се запознаат со процесот на градење визуелен идентитет на еден бренд. - Денешниот човек информациите во најголем процент ги прима визуелно. Полето за визуелно изразување е бескрајно, но важни се петте минути кои креативците треба да ги препознаат и максимално да ги искористат. Тоа е пресудно и за креативниот и за комерцијалниот исход на секое решение, соопштија организаторите. Работилницата го опфаќа процесот на креирање визуелната приказна на еден бренд низ илустрација, графика, фотографија, видео и слично. Учесниците ќе имаат можност и самите да развијат идеја или да предложат одредено решение за даден бренд. Едукатори на работилницата ќе бидат Софија Семенпеева Трајановска, Кристијан Јованоски и Емилија Ќипроска од Ефектива. Настанот е во соработка со Едукативниот центар М6, а под покровителство на брендот „4U croissants & cookies“. бт/са/

Остани поврзан