• петок, 22 ноември 2024

Работен состанок на политичките претставници на Бошњаците од регионот во Сараево

Работен состанок на политичките претставници на Бошњаците од регионот во Сараево

Скопје, 13 април 2024 

Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз Мунир Колашинц и претседателот на Бошњачкиот национален совет во Република Северна Македонија Џевад Хот присуствуваа на големиот работен состанок на политичките претставници на Бошњаците од регионот одржан во Сараево, во петокот на 12 април, на покана и во организација на министерот за надворешни работи на Босна и Херцегвоина и претседателот на Народот и правдата Елмедин Конаковиќ.

На состанокот присуствуваа заменик премиерката на Косово Емилија Реџепи, пратеници во црногорското Собрание Ервин Ибрахимовиќ и Кенана Струјиќ Харбиќ, пратеникот во Собранието на Србија Усаме Зукорилиќ, други претставници од регионот како и бројни Бошњаци од Босна и Херцеговина.

Овој работен состанок е исклучително важен како чекор кон подобрување на комуникацијата, јакнењето на врските и воспоставувањето на подобра соработка на Бошњаците кои живеат на просторите на Западен Балкан. Јасно антиципирајќи дека Бошњаците се европски народ кој е определен за членство на сите држави од Западен Балкан во ЕУ, што сигурно е една од клучните стратешки цели на државите во соседството, така и на самите Бошњаци како народ кој има вековна традиција на живеење во овој дел на Европа.

На состанокот е подржана нацрт Декларацијата за воедначен пристап која на сличен состанок во Скопје е усвоена минатата година, каде ние како Бошњачки демократски сојуз бевме домаќини. Состанокот заврши со силна поддршка за Бошњачкиот демократски сојуз на претстојните парламентарни избори како и политичките претставници на Бошњаците во Хрватска, каде во наредните денови се очекуваат парламентарни избори.

Влез во државните парламентарни на бошњачките претставници би бил особено значаен за бошњачките заедници во Хрватска и Северна Македонија но и во еден поширок регионален контекст.

Бошњачки демократски сојуз 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан