• недела, 22 декември 2024

Пјонгјанг: И ако има испраќање на севернокорејски војници во Русија, тоа е во согласност со меѓународното право

Пјонгјанг: И ако има испраќање на севернокорејски војници во Русија, тоа е во согласност со меѓународното право

Пјонгјанг, 25 октомври 2024 (МИА) - Севернокорејското Министерство за надворешни работи денеска одби да ги потврди или негира извештаите дека Пјонгјанг испратил свои војници како поддршка на Русија во војната во Украина. Изјавата дојде откако во медиумите се појавија тврдења за такво испраќање на севернокорејски војници, на што Пјонгјанг реагираше со став дека и доколку се случило, тоа е целосно легитимно и во согласност со меѓународното право.

- Немаме потреба да ги потврдуваме ваквите извештаи, но дури и ако е направен таков чекор, тој е целосно во согласност со нашите права како суверена држава, рече заменик министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Џон-ѓу. Тој додаде дека „постојат сили што би можеле тоа да го наречат нелегално, но за нас тоа не е нелегално според нашите договори и меѓународното право“.

Изјавата дополнително ја поттикна загриженоста меѓу западните сили, кои и претходно предупредуваа на можноста Северна Кореја да се вклучи во конфликтот, обезбедувајќи поддршка за Русија. Северна Кореја и претходно има изразено отворена поддршка за руските ставови во врска со конфликтот во Украина, но никогаш јавно не потврди испраќање воена поддршка на терен. ссм/

фото: архива

Остани поврзан