• сабота, 21 декември 2024

Пуштена во употреба реконструирана улица во Тетово, без државни симболи и само со албански знамиња

Пуштена во употреба реконструирана улица во Тетово, без државни симболи и само со албански знамиња

Тетово, 6 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ја пушти во употреба  реконструираната улица „Радован Цониќ“, познатат како „Улица на бутиците“. Станува збор за улица со должина од 400 метри, каде наместо бетонски плочки беше поставена калдрама, нови клупи, канделабри и млади дрвца. Се работеше и на нова канализација и подземна инфраструктура за поставување на кабли.

-Поважно од тоа што промовираме уште еден инфраструктурен проект е тоа што овој проект, ја враќа автентичноста на Тетово, културните вредности што ги имаше Тетово во минатото. Оваа улица е поплочена со калдрма, која е позната во минатото на град Тетово, која за жал во неконтролираниот раст на градот во последните 30 години се изгуби тој поглед и тоа што беше лик на Тетово. Затоа сме среќни што промовираме таков проект во центарот на Тетово, многу важна улица за економијата, се надеваме дека со оваа инвестиција ќе се врати таа динамика на овој дел од градот. Инвестиција заедничка финансирана од европските фондови, меѓудржавна соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, поконкретно помеѓу градовите Тетово и Призрен, изјави Касами.

Дел од церемонијата беше сечење на црвена лента од страна на Касами придружуван од деца со албански народни носии, а на улицата имаше само знамиња на Албанија, без државното знаме.

Касами одговори на новинарското прашање зошто нема македонско знаме и македонски носии.

-Добра забелешка, во друг случај, во друга ситуација ќе го имаме, рече Биљал Касами.

Улицата „Радован Цониќ“ се протега од зад Основен суд до Музеј на тетовски крај (Меморијален музеј на народен херој Ѓоце Стојчевски-Амбарче) и ќе биде биде пешачка зона и нема да се дозволува сообраќај во текот на денот. ас/сст/
фото МИА 

Остани поврзан