• недела, 02 јуни 2024

Путин се вакцинира против Ковид-19

Путин се вакцинира против Ковид-19
Москва, 23 март 2021 (МИА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин прими вакцина против Ковид-19 и се чувствува добро, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека Путин утре ќе има вообичаен работен ден. Песков претходно најави дека Путин ќе се вакцинира со една од трите руски вакцини против Ковид-19. - Намерно не кажуваме кој лек ќе го добие претседателот, изјави Песков, додавајќи дека сите три руски вакцини се апсолутно безбедни и ефикасни. Тој, исто така, наведе дека на Путин не му се допаѓа идејата да се вакцинира пред камери. ми/

Остани поврзан