• вторник, 26 ноември 2024

Путин: Руската индустрија на дронови наскоро може да нарасне до 12 милијарди долари

Путин: Руската индустрија на дронови наскоро може да нарасне до 12 милијарди долари

Москва, 28 април 2023 (МИА) - Руската индустрија за дронови наскоро би можела да вреди повеќе од 12 милијарди долари откако ќе се спроведе планот за зголемување на производството, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Кон крајот на минатата година, Путин кажа дека Русија мора да го зголеми своето производство на беспилотни летала (UAV) и да создаде инфраструктура за нивна широка воена и цивилна употреба.

Заедно со менаџерите од областа на производството на дронови, Путин вчера ги разгледа актуелните бројки и се согласија дека со активна работа на сите, вклучително и на државата, може да се достигне поставената цел.

Минатата година нареди рускиот претседател нареди да се развие стратегија за развој на беспилотни летала до 2030 година. Според најавата на првиот вицепремиер Андреј Белоусов, тој план треба да биде готов до 1 јули, а според проценките Русија до крајот на 2026 година треба да може да произведуваат 18 илјади дронови годишно.

Путин, кој ја даде изјавата по обиколката на индустрискиот парк во Москва специјално дизајниран за производство на дронови, потврди дека овие летала може да се користат во речиси секој дел од економијата.

Иако Русија веќе произведува бројни дронови, тие не се многу напредни, па затоа Москва во својата агресија врз Украина главно користи ирански дронови Шахед, потсетуваат британските медиуми. сд/

Остани поврзан