• сабота, 23 ноември 2024

Путин: Русија создава тампон зона крај Харков, не планира освојување на градот

Путин: Русија создава тампон зона крај Харков, не планира освојување на градот

Киев, 17 мај 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека целта на руската офанзива во регионот Харков во Украина е да се создаде тампон зона, но не и да се освои главниот град на регионот, пренесе Бета.

Путин во кинескиот град Харбин, каде што се наоѓа во официјална посета, изјави дека нападот на руските сили врз регионот Харков е одговор на украинското гаѓање на рускиот пограничен регион Белгород.

-Јавно кажав дека доколку така продолжат ние ќе бидеме принудени да создадеме безбедносна, санитарна зона, рече рускиот претседател.

Путин оцени дека руската армија „секојдневно постигнува резултати“ во битките во областа Харков, дека „напредува според планот“ и дека засега Русија не планира да го окупира Харков.

На 9 мај Москва започна ненадејна офанзива во регионот Харков и веќе освои најмногу територија во последните година и пол. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан