• недела, 22 декември 2024

Путин: Русија планира да го напушти Договорот за извоз на украинското жито

Путин: Русија планира да го напушти Договорот за извоз на украинското жито

Москва, 13 јуни 2023 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва размислува за суспендирање на Договорот за извоз на украинското жито.

Тој истакна дека таквата одлука ќе биде донесена поради непочитување на клаузулите за извоз на руските ѓубрива.

- Сега размислуваме да се повлечеме од Договорот за житото. Многу од условите што требаше да се применат не се исполнети, истакна Путин за време на телевизискиот состанок со руските воени дописници.

Тој и ја обвини Украина дека ги користи поморските коридори предвидени со Договорот за извоз на украинското жито за напади врз руската флота со беспилотни летала. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан