• четврток, 21 ноември 2024

Путин пристигна во посета на Виетнам

Путин пристигна во посета на Виетнам

Ханој, 19 јуни 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во државна посета на Виетнам, јави руска новинска агенција.

Претходно рускиот претседател беше во официјална посета на Северна Кореја и се сретна со лидерот на земјата Ким Џонг-ун. Еден ден претходно Путин ја посети руската република Јакутија. Ханој е последниот дел од неговата тридневна турнеја.

Се очекува Путин да разговара со претседателот, генералниот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Виетнам, премиерот и претседателот на Националното собрание.

Тој ќе се сретне и со дипломирани студенти на советски и руски универзитети и ќе присуствува на приемот што го организира претседателот на Виетнам.

Ова е петта посета на Путин на Виетнам како претседател: тој ја посети републиката во 2001, 2006, 2013 и 2017 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан