• петок, 05 декември 2025

Путин го предупредил Трамп за испраќањето ракети „Томахавк“ во Украина

Путин го предупредил Трамп за испраќањето ракети „Томахавк“ во Украина

Москва, 16 октомври 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Кремљ ја потврди веста во официјално соопштение.

Според Кремљ, Путин изразил загриженост за можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот.

-Предупредувањето јасно стави до знаење дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици за билатералните врски меѓу двете сили, се вели во соопштението. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан