• понеделник, 23 декември 2024

Путин го именува поранешниот телохранител за секретар на Државниот совет

Путин го именува поранешниот телохранител за секретар на Државниот совет

Москва, 29 мај 2024 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин го именува својот поранешен телохранител Алексеј Дјумин за секретар на Државниот совет, советодавно тело на шефот на руската држава.

Откако беше реизбран за нов шестгодишен мандат претходно оваа година, Путин го именуваше Дјумин за советник за одбранбената индустрија.

На веб-страницата на Кремљ утрово беше објавен указот потпишан од Путин со кој се потврдува именувањето на Дјумин во Државниот совет. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан