• сабота, 15 јуни 2024

Путин: Во Украина се борат речиси 700.000 руски војници

Путин: Во Украина се борат речиси 700.000 руски војници

Москва, 14 јуни 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска на телевизија изјави дека речиси 700.000 руски воен персонал моментално учествуваат во офанзивата во Украина, пренесоа француските медиуми.

-Имаме речиси 700.000 луѓе (во областа на специјалната воена операција), рече Путин на телевизискиот состанок со војниците наградени за нивните воени подвизи.

Во декември минатата година рускиот претседател изјави дека војската вклучена во операцијата брои околу 617.000. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан