Путин: Влегувањето на Украина во НАТО ќе ја загрози безбедноста на Русија
- И за волја на вистината, една од причините за специјалната воена операција е заканата за влез на Украина во НАТО, додаде Путин.
Москва, 13 јули 2023 (МИА) - Влезот на Украина во НАТО ќе ја загрози безбедноста на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
-И за волја на вистината, една од причините за специјалната воена операција е заканата за влез на Украина во НАТО, додаде Путин.
Според него, членството во Северноатлантската алијанса нема да ја зајакне безбедноста на Украина и ќе го направи светот многу „поранлив“. Путин нагласи дека тенковите од странско производство се главната цел на неговата војска. мс/
фото: ЕПА