• вторник, 26 ноември 2024

Пукањето во руско училиште заврши со две жртви и петмина повредени

Пукањето во руско училиште заврши со две жртви и петмина повредени

Москва, 7 декември 2023 (МИА) - Пукањето во училиште во рускиот град Брајанск во близина на границата со Украина денеска заврши со две жртви, јавија руските медиуми, повикувајќи се на регионалната администрација на Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, 14-годишна ученичка влегла во училишната зграда и пукала кон соучениците неколку пати со пиштол, кој бил легална сопственост на нејзиниот татко.

Тинејџерката, која била осмо одделение, ранила шест нејзини соученици, по што се самоубила. Подоцна,  една од повредените ученички починала во болница.

- Еден од повредените е во тешка состојба и е опериран. Останатите четворица повредени се во умерена состојба, изјави помошник на рускиот министер за здравство.

Според информациите од истрагата, девојчето пукало во своите соученици поради конфликт со нив. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан