• петок, 22 ноември 2024

ПССЕ: Затворениот турски филантроп Осман Кавала добитник на наградата „Вацлав Хавел“

ПССЕ: Затворениот турски филантроп Осман Кавала добитник на наградата „Вацлав Хавел“

Стразбур, 10 октомври 2023 (МИА) - На затворениот турски филантроп и бизнисмен Осман Кавала вчера му беше доделена наградата „Вацлав Хавел“, јави ДПА.

-Денеска, повеќе од кога било, е исклучително важно да се слават жените и мажите кои со својата храброст, решителност и сила ни го покажуваат патот до слободата. Нивната борба е пример за сите нас, кажа Тини Кокс, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кое ја доделува наградата.

Ајче , сопругата на Кавала, во негово име ја прими наградата од 60.000 евра, и притоа ја прочита изјавата со која нејзиниот сопруг ја посвети наградата на своите „незаконски затворени сограѓани“.

Кавала беше осуден на доживотен затвор во април 2022 година за обид за државен удар во врска со антивладините протести што избувнаа во Истанбул во 2013 година. Тој е во затвор од 2017 година.

Западните влади и групите за човекови права го критикуваа судењето и пресудата од 2022 година како политички мотивирани.

Кавала потекнува од семејство на претприемачи и има промовирано бројни проекти на граѓанското општество во Турција. Основач е на организацијата „Anadolu Kultur“.

Наградата, која го носи името на поранешниот чешки дисидент, а подоцна и претседател на Чешката Република, Вацлав Хавел, ПССЕ ја доделува од 2013 година. сд/

фолто:МИА архива

Остани поврзан