• вторник, 05 ноември 2024

ПСК „Голак“ одбележа шест години од своето постоење

ПСК „Голак“ одбележа шест години од своето постоење
Делчево, 9 февруари 2020 (МИА)Со доделување на награди за најдобрите планинари за изминатата 2019 година, денеска Планинарскиот спортски клуб „Голак“ одбележа 6 години од формирањето. Одбележувањето на шестиот роденден на спортскиот клуб, како што информираше претседателот Љупчо Чучуковски, почна со симболична маршрута до врвот Чавка.
-Маршот се реализираше од спортксите терени до врв Мала Чавка каде по прекрасно време ја реализиравме маршрутата. На маршот учествуваа голем дел од членовите, кои учествуваа на планинарските акции во 2019 година и сите без проблем ја поминаа патеката, рече Чучуковски.
Во рамките на овој јубилеј на најдобрите планинари им беа доделени награди и признанија.
- Првото признание за искачени врвови над 2500 метри надморска висина го доделивме на планинарот Ѓорѓи Тасев. Посебно признание доделивме на Анастасија Арсланова, наш член од градот, Пештера, Р Бугарија и Тихомир Костовски, исто така од соседна Бугарија. Признание за искачени врвови над 2500 метри доби и нашиот член Јонче Атанасовски, додека наградата за најдобар планинар за 2019 му припадна на планинарот Сашко Стојковски, соопшти Чучуковски.
Како најзначаен успех во 2019 година од ПСК „Голак“ ги наведоа активностите за обележување на неколку планинарски патеки во регионот Пијанец - Малеш, меѓу кои и првата планинарска трансверзала Делчево - Голак - Плачковица.вс/бт/

Остани поврзан