• сабота, 27 јули 2024

ПСЖ понуди 60 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

ПСЖ понуди 60 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ
Париз, 30 мај 2020 (МИА) – Пари Сен-Жермен излезе со понуда за фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува Goal.com. Според извор, парижаните се подготвени да платат 60 милиони евра за 25-годишниот Србин. Оваа сума е за 10 милиони помалку од она што го бара римскиот клуб за предвремен прекин на договорот со играчот. Милинковиќ-Савиќ има пет гола и седум асистенции на 31 натпревар за Лацио во сезоната 2019/20. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на фудбалерот на 64 милиони евра. зс/

Остани поврзан