• сабота, 27 јули 2024

ПСЖ е подготвен за трансфер на Милинковиќ Савиќ од Лацио

ПСЖ е подготвен за трансфер на Милинковиќ Савиќ од Лацио
Париз, 7 март 2020 (МИА) - Раководството на ПСЖ подготвува понуда за Сергеј Милинковиќ Савиќ, објави „Газета дело Спорт“. Според италијанскиот весник, спортскиот директор на „светците“ Леонардо има голема желба за ангажман на српскиот интернационалец од Лацио и, конечно, е спремен да ги исполни желбите на римскиот клуб. Леонардо беше со таква намера додека ја извршуваше функцијата во Милан, но беше оневозможен поради тешката финансиска ситуација на „росонерите“. Лацио, пак, не отстапува од 100 милиони евра колку што бара за Милинковиќ Савиќ и според „Газета дело Спорт“, сумата би можела да биде исплатена во текот на летниот преоден рок. сѓд/ми/

Остани поврзан