• среда, 17 април 2024

ПСЖ го отпушти Галтие

ПСЖ го отпушти Галтие

Париз, 6 јуни 2023 (МИА) - Kристоф Галтие доби отказ од Пари Сен-Жермен. Парискиот клуб одлучил да ја прекине соработката со главниот тренер, пишува „Le Parisien“. Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос го информирал Галтие за оваа одлука.

 

Галтие го презеде ПСЖ минатото лето, потпишувајќи двегодишен договор. Минатата сезона парижаните ја освоија Лига 1 по рекорден 11. пат, но испаднаа од Лигата на шампионите во осминафиналето по двата пораза од Баерн Минхен (0:1, 0:2).

 

Покрај тоа, ПСЖ не успеа да го освои Купот на Франција, откако испадна осминафиналето во февруари од Марсеј (1:2). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан